ВИДЕО: Одлична партија на Дончиќ, Јанис ја реши драмата во Милвоки

Лука Дончиќ блеска во дресот на Далас маверикс/фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Далас маверикс го совлада Њу Орлеанс пеликанс со 139:107 во натпревар на кој доминираше Лука Дончиќ. Одличниот бек на Далас за 27 минути игра оствари учинок од 28 поени и 14 асистенции.

Актуелниот шампион Милвоки бакс во драматичен натпревар со 127:125 го победи Шарлот хорнетс во натпревар во кој Јанис Адетокумпо го покажа својот шампионски карактер.

Адетокумпо победничките поени ги постигна на две секунди пред крајот на натпреварот. На крајот, натпреварот го заврши со 40 поени за десетта победа по ред на Милвоки.
Крис Мидлтон постигна 21 поен, додека кај Шарлот, најдобар беше Ламело Бол со 36 поени.

Сакраменто кингс приреди вистинско изненадување со победата над ЛА Клиперс од 124:115. Деарон Фокс постигна 24 поени, додека Теренс Дејвис постигна 23 поени.

Никола Јокиќ не успеа да му донесе победа на Денвер нагетс на гостувањето кај Орландо. Магичните славеа со 108:103, а Јокиќ натпреварот го заврши со 18 поени, 15 скокови и седум асистенции.


Резултати:
Индијана – Атланта 111:114
Орландо – Денвер 108:103
Вашингтон – Минесота 115:107
Бостон – Филаделфија 88:87
Мајами – Кливленд 85:111
Милвоки – Шарлот 127:125
Њу Орлеанс – Далас 107:139
Оклахома сити – Хјустон 110:114
ЛА Клиперс – Сакраменто 115:124

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот