ВИДЕО | Одбележување на 17-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел” во Скопје, по повод одбележувањето на 17-годишнината од загинувањето на Трајковски во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.

Претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Делегации на Кабинетот на Претседателот денеска положија свежо цвеќе и пред спомен – обележјето на местото на несреќата во Ротимље и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Владата ја прифати иницијативата на претседателот Стево Пендаровски за изменување и дополнување на Законот за одликувања и признанија на Република Македонија и воведување на две нови одликувања во Република Северна Македонија: Орден „Киро Глигоров” и Орден „Борис Трајковски”. Надлежните министерства имаат рок од 60 дена да ги подготват законските измени.

Иницијативата на претседателот Пендаровски за воведување на одликувања од највисок ред се посветени на поранешниот претседател Киро Глигоров и на покојниот претседател Борис Трајковски, кои со својата работа и активност, во исклучително тешки и чувствителни моменти во нашата држава, оставија неизбришлива трага. Орденот „Киро Глигоров” и Орденот „Борис Трајковски” ќе се доделуваат за мир и за мултикултурно општество.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот