ВИДЕО: Од вторник полициски час во Грција, над 2.000 нови случаи за еден ден

epa08789030 A man wearing a mask walks by a restaurant at the tourist district of Plaka in central Athens, Greece, 31 October 2020. Greece will shut down, for the first time since May, restaurants, bars, cafes, cinemas and gyms across a great part of the country after a surge in coronavirus cases. Greek Prime Minister announced new measures which will take effect 03 November 2020 and will last for a month. EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Во Грција денеска е регистриран нов негативен рекорд на новозаразени од коронавирусот, а бројката за првпат е над 2.000 нови случаи, поконкретно 2.056 за едно деноноќие, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, починаа уште шест лица, а приклучени на апарати се 135 пациенти, седум повеќе од вчера.

Од почетокот на епидемијата, заразено е 39.251 лице, а регистрирани се 626 смртни случаи од коронавирусот.

Поради зголемениот број новозаболени, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска соопшти нови мерки, кои вечерва детално ги објасни заменик – министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас.

Како што објасни, од вторник, 3 ноември, Грција, односно 74-те региони се поделени во две зони: Зона А- жолта и зона Б –црвена.

Во првата, односно „под надзор” се 47 региони, а останатите 27 се во црвената со „зголемена опасност”, меѓу кои речиси цела северна Грција и Атина.

Мерките што ќе важат за цела Грција се: задолжителна маска и внатре и надвор; полициски час од полноќ до 5 часот наутро; задолжително најмалку 50 отсто работење од дома во државниот и приватниот сектор и задолжителни онлајн предавања за студентите.

Во цела Грција, остануваат отворени, продавниците за малопродажба и за храна, пазарите, фризерските салони, хотелите и училиштата и не е забрането движење меѓу регионите.

Во регионите што се во црвената фаза, од вторник се затвораат угостителските објекти, кафулињата, баровите (со исклучок на оние кои имаат достава или „за носење”), музеите, театрите, кината, забранети се секаков вид собири, забрането е одржување конференции, а дозволено е само индивидуално спортување и натпревари само во првите лиги во фудбал и кошарка, како и учеството во европските натпреварувања.

Превозните средства во сите делови на земјата ќе функционираат со 65 отсто од капацитетот, а во црвената зона, дозволени се до три лица во патнички автомобил (со исклучок на семејствата), додека пак за такси возилата е дозволен само еден патник.

Црквите и религиските објекти во црвената зона ќе останат отворени, но со максимално дозволен број до девет лица на литургија или обреди и свечености.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот