ВИДЕО| Од шест позитивни осуденици само еден е хоспитализиран

Затворот во Штип Фото: МИА

Од шест позитивни осуденици само еден е хоспитализиран, а другите се изолирани во посебни простории, изјави за „Утрински брифинг“ Марјан Спасовски, директор на Управа за извршување санкции, кој потврди дека еден од инфицираните осуденици е Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.

Тој вели дека според последните информации, во затворскиот персонал 16 лица се позитивни и петмина се во изолација. Меѓу нив е и директорот на затворот од отворен тип во Струга. Во моментов e најкритично во Штип и Идризово, додава Спасовски.

– За среќа, ниеден не е во животозагрозувачка состојба – изјави Спасовски.

Нашиот затворски систем има најмалку инфицирани и починати лица од сите земји во регионот, се пофали директорот.

Третманот и начинот на постапување со заразените и сомнителни лица се одвива според важечките протоколи. Според директорот, секое новопритворено или осудено лице кога доаѓа во установата, задолжително поминува најмалку 10 дена во изолација.

– Голем дел од установите, за жал, не располагаат со медицинска терапија и здравствен персонал, од причина што здравствената заштита е во надлежност на Министерството за здравство. Здравствената грижа за осудени лица ја даваат здравствени работници што вршат примарна здравствена заштита на чие подрачје се наоѓа седиштето на установата. За жал, недостига здравствен персонал како и лекови за третман на осудени лица – вели Спасовски.

Во рамките на можностите се адаптираат простории, со цел да се обезбедат што поголем број поради изолација на тие што биле во контакт со позитивни на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот