ВИДЕО | Од развод до запросување: Како Адел помогна на двојка на нејзиниот „единствен“ концерт

adel
Фото: Принтскрин / Instagram

Адел го одржа својот одамна најавуван концерт… кој беше единствено искуство и за една вљубена двојка.

Адел ѝ помогна на една двојка во свршувачката за време на нејзиниот специјален ТВ концерт – „Само една вечер“.

За време на промотивната турнеја на Адел за нејзиниот претстоен албум „30“, британската пејачка изведе некои од нејзините најголеми хитови и песни од новиот албум во опсерваторијата Грифит во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Концертот, од кој беа дел и ѕвезди како Лизо, Сет Роген и Мелиса Мекарти, беше снимен како дел од двочасовниот специјал наречен „One Night Only“ што се емитуваше во неделата на „CBS“.

За време на концертот, Адел ја натера својата публика да биде дел од неочекуваниот и претходно исцениран предлог кој се одржа на сцената. Адел објасни дека двојката Квентин и Ешли биле заедно седум години и побара од публиката да биде тивка за Квентин да може да ја изненади Ешли и да ја запроси на сцената.

„Ми треба секој од вас да биде навистина тивок, океј? Ако направите врева, ќе ве убијам“, додаде Адел пред да се затемнат светлата за Ешли да не може да види каде се наоѓа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Soul (@soul_96.5)

По ова, Ешли, која е со врзани очи, беше доведена на сцената од страна на Квентин. Откако ѝ дозволи, го симна преврзот и го виде Квентин клекнат на едно колено.

„Фала му на Бога, не ми дозволи да јадам. Ќе повртев“, рече таа за време на говорот за предлог на Квентин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @epicedit.ir

Откако Ешли рече дека навистина ќе се омажи за Квентин, Адел се појави од темнината и ја запрепасти новата идна невеста.

„Фала му на Бога што прифати, инаку немаше да знам кому да ја пејам оваа песна следно…“, ѝ порача Адел на новата невеста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lisa Battle (@lisabattlestyle)

Откако ги замоли да седнат во првиот ред близу Лизо и МекКарти, и започна да ја пее посветената песна, на сред мелодијата Адел беше видно обземена од реакцијата на двојката.

„Погледнете ја, таа е толку во шок! О, тоа е прекрасно.“ рече Адел додека ја изведуваше песната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charles Lee (@charleswlee84)

Адел ја испеа својата следна песна посветена на тазе свршениот пар „Make You Feel My Love“.

Видео на денот