ВИДЕО: „Од нас за нас“ организира предавање за наставници и родители, против сексуално образование

Здружението за заштита на човековите права „Од нас за нас“ организира предавање на тема „Вистината за родот“. Предавањето ќе се одржи утре и на први јули во 19.30 минути, а ќе може да се следи преку интернет платформата Зум, или на Јутјуб.

Гордана Гоџо, од здружението „Од нас за нас“ денеска во Утрински брифинг рече дека идејата на предавањето е да се запознаат наставниците и родителите на учениците, со вистината за родот.

Предавањето ќе го држи д-р Мириам Гросман,

-Доктор Гросман ќе ги објасни опасностите кои се кријат против сеопфатното сексуално образование. Во новиот концепт за образование точно се наведува дека сексуалното образование ќе биде изборен предмет во 9то одделение и ние немаме никаков проблем со тоа, меѓутоа исто така се наведува дека родово сензитивните содржини ќе бидат застапени во секој предмет каде што е тоа возможно. Тоа значи дека родово сензитивните содржини ќе бидат застапени и во содржини по македонски јазик, математика, музичко или природни науки. Треба да разбереме дека кога се зборува за родова рамноправност или родова еднаквост, не се мисли на род по пол, односно ако кажете дека жена по пол е жена, не значи дека и по род е жена, а со тоа децата ќе бидат стимулирани да можат да изберат што се, момчиња или девојчиња. Ние тоа не сакаме да дозволиме да се случи, вели Гоџо.

Таа не верува дека државните институции ќе направат промена, туку ги повикува родителите да ги земат работите во свои раце, и да не дозволат да се направат промени во формалното образование.

-Ние немаме против ЛГБТ заедницата, но имаме против тоа да се пропагира во образованието. Нема да дозволиме децата да учат за можноста да го бираат нивниот род, тоа е црвената линија позади која мора родителите да застанат, вели Гоџо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот