ВИДЕО | Од кралот за „кралицата“: Чарлс Трети му нареди на оркестарот да го отсвири хитот на Тина Тарнер во нејзина чест

Во чест на неодамна починатата музичка легенда Тина Тарнер, нејзината песна „Simply The Best“ беше изведена во дворот на Бакингемската палата по наредба на кралот Чарлс Трети (74), пренесува британски „Хелоу“.
Познато е дека мајката на Чарлс, кралицата Елизабета Втора, која почина минатата година, ги сакала песните на Тина Тарнер, а двете се запознале во 1989 година.
Сега пред британската палата се свирела малку необична обработка од нејзиниот познат хит, во изведба на оркестарот на велшката Гарда и тапанарската група на 1. баталјон на велшката Гарда.
Simply the best!! 🎼
Watch as the @WelshGuardsBand pay tribute to #TinaTurner with their version of ‘The Best’ during the #ChangingOfTheGuard 💂♂️
Get the latest military news 👉 https://t.co/fAN7LAiLci pic.twitter.com/aPmuSLGfLu
— Forces News (@ForcesNews) May 26, 2023
Тие привлекоа големо внимание затоа што ја отсвираа познатата песна во текот на цереморијалната смена на стражата кога кралската гарда ја „предава одговорноста за заштита на Бакингемската палата и палатата „Св. Јаков“ на нова група војници облечени во живописни униформи.
Снимката од тој настап се прошири низ социјалните мрежи, а набрзо обожавателите го коментираа гестот на кралската куќа.
„Фантастична обработка, ова ме расплака“, „Прекрасна почит искажана за ‘кралицата на рокот’“, „Од кралот до кралицата, секоја чест“, пишуваат трогнатите корисници на Твитер.
Инаку, Тина почина во средата на 24 мај во својот дом во Швајцарија, на 83-годишна возраст. Пејачката се борела со низа здравствени проблеми, а починала од природна смрт.
Иако долго време не беше активна во музиката, а последниот концерт го одржа во 2009 година, последниот студиски албум во 2000 година, Тина е легендарна пејачка која засекогаш ќе остане во сечија меморија.
ФОТО | НАСА спектакуларно ја испрати Тина Тарнер меѓу ѕвездите
„Арогантен слабак“: Детали од животот на кралот Чарлс Трети кои го изненадија светот