ВИДЕО | Од Канада дојдоа во родниот крај да снимат две македонски песни: Слушнете ги „Боже правда нема“ и „Мојот живот“

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

Брачниот пар Соња Лозановска и Оливер Петковски од Торонто кои се по потекло од Битола иако се далеку од родната грутка преку музиката ги негуваат своите корени. Убавините на Македонија и богата историја се нивната најголема инспирација

Поводот за нивниот престој во татковината е работата на две нови македонски новосоздадени песни кои се креација на врвни македонски уметници.

„Боже правда нема“ и „Мојот живот“ се наслови на песните за кои текстот го напиша Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се на Дејан Момироски.

Песната „Боже правда нема“ доловува автентичен мелос од егејскиот дел на Македонија, а според зборовите на Соња Лозановска содржината и актуелноста на текстот ќе допрат до сечие срце.

Втората нова песна „Мојот живот“ е со родољубива, печалбарска тематика на која работеше истиот авторски тандем, Нечовски и Момироски.

И двете нови песни имаат видео записи реализирани на повеќе локации во Битола, Пелагониското Поле и во Манастирот Св. Петка во битолското село Цапари.

Во песната „Боже правда нема“ со оригинална кореографија учествува фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола во кореографија на Бранко Жежовски.

Во песната гостуваат: Благојче Трајковски на кларинет и Филип Нуневски на труба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот