ВИДЕО: Очајните Авганистанки им ги фрлале децата на британските војници: Спасете го моето бебе

Сцени на брутално насилство биле снимени на една од рутите кон воената страна на аеродромот во Кабул, од каде илјадници луѓе, во опасност од Талибанците, биле безбедно префрлени со авиони од САД, Велика Британија и авионите на останатите западни држави.

„Мајките беа очајни, Талибанците ги тепаа. Тие викаа: „Спаси го моето бебе“ и ги фрлаа бебињата кон нас. Некои од бебињата паднаа на бодликава жица. Беше страшно тоа што се случи. „До крајот на ноќта, меѓу нас немаше човек што не плачеше“, изјавил припадник на британската падобранска единица, пишува Индипендент.

 


Во исто време, илјадници Авганистанци кои очајно се обидуваат да го напуштат Авганистан, откако Талибанците се вратија на власт , се заглавени меѓу талибанските контролни пунктови и американскиот прстен околу главната воздушна точка во Кабул.

Има уште повеќе луѓе кои се обидуваат да влезат во просторот на некои од амбасадите во Кабул, бидејќи се шират гласини дека е можно да се добие виза или барем безбеден премин до аеродромот.

Според непотврдени извештаи кои кружеле по социјалните мрежи, неколку луѓе загинаа, додека американските сили и Талибанците се обидуваа да ја потиснат, очајната толпа народ.

 

Видео на денот