ВИДЕО: Облечен како „Дедпул“ ја прослави шампионската титула во Русија!

Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Зенит во 28 коло од руската Премиер лига го совлада Локомотив со убедливи 6:1 и на тој начин го обезбеди првото место.

Капитенот на Зенит, Артем Дзјуба на еден интересен начин ја прослави денеска шампионската титула во Русија.

Дзјуба инаку го постигна првиот и петтиот гол за својот клуб на овој натпревар, Сердар Азмун забележа хет-трик, а шестиот погодок беше дело на бразилскиот интернационалец Малком.

Играчот на Зенит облечен како „Дедпул“, Марвеловиот антихерој го подигна пехарот и така започна големото славје.

Да додадеме уште дека екипата од Санкт Петербург има најдобар напад и најдобра одбрана во тамошниот шампионат, во три мечеви претрпе само три порази. Ги имаат и најдобрите стрелци, Азмун со 19 и Дзјуба со 16 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот