ВИДЕО: Њујорк и Јута не дозволија нов брејк на Атланта и Мемфис

Донован Мичел пред нов предизвик во НБА лигата/Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Најдобриот тим во Западната конференција, Јута џез со 141:129 го совлада Мемфис гризлис и израмни на 1:1 во победи, а истиот резултат е и помеѓу Њујорк никс и Атланта хоукс, додека Филаделфија ја искористи предноста на домашен терен и води со 2:0 против Вашингтон.

Донован Мичел постигна 25 поени на враќањето на паркетите по повредата на скочниот зглоб и ја водеше Јута до победата. На Мемфис не му помогна ниту тоа што Џа Морант постигна 47 поени и го собори клупскиот рекорд.

Џезерите“ со Мичел се поинаков тим и тоа го покажаа во првото полувреме кое го добија со 74:54. Мемфис одговори во третата четвртина кога намали на минус шест (103:97) во но последната четвртина „џезерите“ повторно ја презедоа контролата и дојдоа до убедлив триумф.
Донован Мичел беше најпрецизен кај Јута со 25 поени, Руди Гобер имаше 21 поен и 13 скокови, а Мајк Конли даде 20 поени, додека кај Мемфис блескаше Џа Моран со 47 поени.

До израмнување на 1:1 во победи дојде и Њујорк никс кој со 101:92 ја совлада Атланта хоукс во натпревар со две различни полувремиња.
До првата победа во плеј-офот уште од 2013 година, кошаркарите на Њујорк дојдоа го големиот пресврт во второто полувреме кој го донесоа Дерик Роуз и Џулиус Рендл.

Кошаркарите на Атланта подобро го отворија натпреварот и доминираа во првиот дел кој го добија со 44:57. Пресвртот на Њујорк почна во третата четвртина која ја доби со 32:18, за во последната со серија од 10:1 да дојде до триумф. Најефикасен во тимот на Њујокр беше Дерик Роуз со 26 поени, додека Џулиус Рендл имаше дабл-дабл од 15 поени и 12 скокови. На Атланта не и помогна ниту одличниот Тре Јанг кој даде 30 поени.

Филаделфија поведе со 2:0 во победи во плеј-оф серијата со Вашингтон откако утринава славеше со 120:95. Натпреварот го одбележа повредата на Расел Вестбрук кој падна по судирот со Фуркан Коркмаз во последната четвртина. При излегување од теренот, Вестбрук влезе во вербална расправија со еден навивач на Филаделфија кој го гаѓаше кошаркарот со пуканки.
Најдобар во победничкиот тим беше Бен Симонс со 22 поени, а ист број поени даде и Џоел Ембид. Кај Вашингтон, Бредли Бил беше најпрецизен со 33 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот