ВИДЕО | Новото нормално во летањето: Маж симнат од авион поради маската која му паѓала од носот

Маж исфрлен од авион/Фото: ТикТок/Скриншот

И покрај тоа што се извинуваше и молеше да остане во авионот и да го продолжи летот, 53-годишен маж е симнат од леталото, покажува новата снимка објавена на ТикТок.

Според објавеното на социјалните мрежи, на Американецот неколку пати му се симнала маската од лицето, и бил неколку пати предупреден од стјуардите, по што бил замолен да стане и да излезе од авионот кој летал за Денвер.

На видеото се гледа како мажот ги моли да остане и да го продолжи летот, зошто овој авион и онака доцнел еден час, но персоналот е упорен во намерата да го отстрани од летот и му се заканува и со полиција како следен чекор ако не стане сам.

Погледнете го целиот инцидент, кој се коментира како ново нормално во ковид пандемијата при што строгите правила за носење маска во авион мора да ги почитуваат сите патници.

И покрај инцидентот компанијата ќе му ги врати парите за пропуштениот лет кон Денвер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот