ВИДЕО: Ново „шоу“ на прес конференција – Погба го имитираше Роналдо!

Фото: Принтскрин/Твитер

Синоќа, по натпреварот со Германија на Европското првенство, францускиот ас го отстрани шишето, т.е. пивото „Хајнекен“.

Пол Погба вчера настапи во првата победа на „триколорите“ на континенталниот собир против Германија (1:0) во Минхен.

Откако Кристијано Роналдо направи гест што ретко се гледа пред натпреварот со Унгарија и ги тргна шишињата „Кока-Кола“, која е спонзор на Евро 2020, нешто слично направи и Погба.

Синоќа, по мечот со Германија, францускиот ас го отстрани шишето „Хајнекен“, кој е долгогодишен партнер на УЕФА и најголемите натпреварувања под нејзина организација.

Роналдо зеде вода наместо „Кока-Кола“, додека играчот на Манчестер јунајтед само го отстрани познатото шише пиво.

Германците со нетрпение го очекуваат дуелот со светскиот шампион

Видео на денот