ВИДЕО | „Ново име на македонската естрада“: Сара Гигова со својата прва песна „Ладно лето“

сара гигова
Фото: Приватна архива

Македонската музичка сцена од денеска добива ново име. Се работи за младата пејачка Сара Гигова, која денес ја промовира својата прва авторска песна.

Можеби некои од вас се сеќаваат на Сара кога учествуваше во едно детско регионално музичко шоу, каде уште како малечко девојче ја воодушеви жирикомисијата и публиката со своите гласовни способности. Таа денеска ја промовира својата прва песна со наслов „Ладно лето“, на кое како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски.

За оваа нејзина прва песна Сара сними и прекрасен видеоспот во режија на младиот Ѓорѓи Вацев. Спотот се снимаше на Преспанското езеро, а во него имаме прилика да ја видиме Сара во неколку различни изданија.

Таа не крие дека е задоволна од тоа како звучи песната и како изгледа спотот…

– Јас сум презадоволна од целиот производ. Сите знаат што имаат досега создадено Лазар и Ена и многу лесно ми беше да донесам одлука со кого да сакам да работам. „Ладно лето“ е одлична песна во модерен ритам и искрено се надевам дека публиката ќе ја прифати. Исо така задоволна сум и од спотот, бидејќи Ѓорѓи навистина се потруди да го добијам тоа што го замислував и јас во мојата глава. Да не должам многу, се надевам дека публиката ќе ужива и ќе ме мотивира да продолжам да создавам уште многу музика – изјави Сара.

Како што кажавме погоре, Сара за брзо време ќе ја промовира и својата втора песна, а дотогаш уживајте, споделете и „лајкнете“ ако ви се допаѓа нејзината прва авторска песна :

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот