ВИДЕО: Новиот тандем на Барселона го чува Куман на клупата

фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Валенсија со 3:1 во еден од најинтересните натпревари во деветтото коло во Ла Лига. Ова е четврта победа за Барселона сезонава, а до неа дојде со пресврт.

Валенсија поведе уште во петтата минута со голот на Хосе Гаја, но радоста на гостите траеше само осум минути. Израмнувачкиот гол го постигна Ансу Фати кој покажа дека е „достоен наследник“ на дресот со број 10 кој до минатата сезона го носеше Лео Меси.

Фати со одличен удар од 16-тина метри го совлада Јеспер Силесен, а во финишот на првиот дел прецизен беше и Мемфис Депај и тоа со удар од белата точка. Пеналот беше досуден по остриот старт на Гаја над Фати. Победата ја завери Филипе Кутињо во 86 минута.

Со освоените три бода,. Барселона се искачи на седмото место на табелата со 15 бодови, пет помалку од лидерот Реал Сосиедад, но тоа што ги радува навивачите е што Депај и Фати покажаа дека одлично функционираат во нападот.

Со победата и трите бода, се намали и притисокот над тренерот Роналд Куман, кој од навивачите беше означен како главен виновник за слабиот старт на Барселона во новата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот