ВИДЕО: „Новиот Меси“ има пет години, стана најмладиот член во академијата на Арсенал

Голем фудбалски талент, Зејн Али Салман, му се предвидува исклучително светла иднина/Фото: instagram.com/zaynalisalman/

Зејн Али Салман пред една недела го славеше петтиот роденден, а веќе го доби првиот фудбалски клуб во животот.

Лондонски Арсенал одлучи да го доведе во својата академија и го направи најмладиот член во својата историја. Али Салман веќе нема проблем да игра фудбал со деца кои се барем двојно постари од него.

– Му дозволивме да игра со децата на негова возраст, но таму беше немилосрден. Тој е многу побрз од сите, начинот како ја зема топката, како шутира, како ја додава топката..Тој е премногу добар за своите години, разговаравме со неговиот татко и тој исто така одлучи дека е време за нови предизвици – рече Остин Скофилд, еден од тренерите на овој голем талент.

Приказните за многу клубови кои се заинтересирани за ова момче беа започнати уште во рана возраст, меѓутоа, неговиот татко вели дека го избрал Арсенал бидејќи тоа е неговиот омилен клуб.

Иако сликите на неговиот профил на Инстаграм покажуваат дека често се фотографира во дресот на ПСЖ. Сепак, заклучокот од ваквите слики веројатно е поврзан со фактот дека неговиот идол Лео Меси игра за францускиот клуб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zayn Ali (@zaynalisalman)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zayn Ali (@zaynalisalman)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zayn Ali (@zaynalisalman)

Академијата Арсенал тврди дека тој е нешто посебно и дека досега немале можност да видат такво нешто.

– Ова дете, прави нешто што не треба да се прави. Сега е тука, со нас. Му дадовме неколку задачи, направи сè без грешка, не е како децата што прават нешто добро и запираат, тој е постојано добар. Како и да е, рано е нешто да се каже, но ова момче има исклучително светла иднина пред себе – вели Стивен Динс, човек кој ги следи талентите во академијата на клубот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zayn Ali (@zaynalisalman)

Видео на денот