ВИДЕО | Новиот хит на Селена Гомез ќе ве освои од прва: Оваа песна е химна на љубовта!

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Американската поп-пејачка Селена Гомез ја претстави својата втора песна на шпански „De Una Vez“.

Гомез истакна дека е пресреќна што имала можност да сними песна на шпански јазик: „Јас сум неверојатно горда на моето латинско потекло, а „De Una Vez“ е прекрасна химна на љубовта“.

Покрај тоа, презентирајќи ја песната, таа рече дека овој сингл е само почеток на приказната што долго време сака да ја започне. Таа додаде дека со нетрпение ги очекува реакциите на обожавателите, како и дека се надева дека ќе им се допадне песната од прво слушање.

Во 2010 година, Гомез ја претстави „Un Año Sin Lluvia“, нејзината прва песна на шпански јазик, која всушност беше преработка на песната „A Year Without Rain“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот