16.8 C
Скопје

ВИДЕО | Новиот хит на „Coldplay“ прв го слушна астронаутот Томас Пескет: Концерт за една личност

Британската рок-група „Coldplay“ избра вонземски начин да го одбележи објавувањето на нивниот последен сингл „Higher Power“ со емитување на песната во вселената.

Групата, позната по песните „Paradise“ и „ Viva la Vida“, се поврза со Меѓународната вселенска станица (ISS) за да разговара со европскиот астронаут Томас Пескет за животот во вселената во четвртокот вечерта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coldplay (@coldplay)


По тој повод, тие споделија снимена верзија на новата песна со Песк, со помош на шарени вонземски холограми кои „танцуваа“ во ритам, а францускиот астронаут ја пушти песната да свири на ISS.

„Во овој момент, не можеме да свириме за ниту еден жител на Земјата, затоа одлучивме да направиме тоа само за вас. Тоа е како концерт за една личност“, изјавил пејачот Крис Мартин, во разговор чија снимка беше објавена во петокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coldplay (@coldplay)


„Coldplay“ наскоро ќе ja изведе песна на поп музичките награди „Brit Awards“ на реката Темза, во близина на лондонската О2 арена, каде што ќе се одржи церемонијата.

 

Поврзани вести

Почина актерот Нед Бити

Слободен печат

ВИДЕО | Томас Маркл ја обвини Опра Винфри: Таа ги искористи Меган и Хари за создаде ново популарно шоу

Слободен печат

Дали по стапките на Џенифер Лопез и Џоли се врати во прегратките на старата љубов? Анџелина и Џони Ли Милер се старо – новиот холивудски пар

Слободен печат

Воспаление на срцевиот мускул кај помлади мажи од мРНА вакцините почесто од очекуваното

Слободен Печат

Дневен хороскоп за 14 јуни: Имате повеќе идеи отколку време, треба подобро да се организирате

Слободен Печат

Виц на денот: Рефреш

Слободен печат

Остави Коментар