ВИДЕО: Новинарка му се смееше во лице на Милер по бламажата на Баерн

принтскрин

Најголемото фудбалско изненадување во 2021 година го приреди второлигашот Кил кој во германскиот Куп го елиминира актуелниот европски шампион Баерн Минхен.

Поради поразот од Кил, на мета на германска новинарка се најде ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер на кого не му се допаднаа провокациите од новинарката.

– Загубивме од аутсајдер, играа цврсто како и сите второлигаши. Потоа како да се играше пинг-понг, се обидовме со се, но не успеавме да постигнеме уште некој гол. Не можам да верувам, разочарани сме – изјави Милер, по што новинарката го запраша за атмосферата во соблекувалната и тоа со доза на потсмев во гласот.

– Што мислите, каква е атмосферата? На вас ви е смешно – порача Милер, по што новинарката му одговори дека навистина и е смешно будејќи вакво нешто на Баерн не му се случило повеќе од 20 години.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот