ВИДЕО: Новинар на „Фокс њуз“ го бара неговиот колега во сириските затвори грабнат од режимот на Асад

Фото: Fox News

Новинар на „Фокс њуз“ Треј Јингст влезе во сирискиот затвор во потрага по исчезнатиот новинар.

Треј Јингст од „Фокс њуз“ дава детали за потрагата по Остин Тајс по падот на Асад. Сестрите Меган и Наоми Тајс изразуваат фрустрација поради неуспехот на администрацијата на Бајден да го лоцира нивниот брат, за кој веруваат дека е сè уште жив.

Видеото од потрагата на новинарот на „Фокс њуз“ по неговиот колега може да го видите тука.

Инаку пресвртот на сирискиот режим разгорува нова надеж за исчезнатиот новинар Остин Тис и неговото семејство.

Поранешниот американски маринец и новинар беше киднапиран пред 12 години додека известуваше во Дараја, предградие на Дамаск. Тој беше виден на видео објавено неколку месеци по неговото фаќање со црн превез на очите и оттогаш не е виден или слушнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот