ВИДЕО | Новинар го налути Гвардиола: Знаете ли што ме прашувате!?

Фото: Screenshot

Манчестер Сити во овој период е во центарот на вниманието во Англија поради најавата за можна казна и одземање на бодови.

Казните кои се споменуваат се сериозни, се пишува дури и за исфрлање од Премиер лигата, сепак тоа е малку веројатно. Утрово „Скај Спорт“ објави дека челниците на Премиер лигата во четиригодишната истрага утврдиле многу финансиски прекршувања и основа за некаква казна сигурно има, каква останува да видиме.

Токму и оваа ситуација беше тема на прес-конференцијата на Манчестер Сити, а тренерот Пеп Гвардиола се налути на едно новинарско прашање.

„Знаете ли што ме прашувате? Дали сум добивал пари од дрга страна. Денес? Не знам што било со Манчин. Искрено, дали заслужувам да ме прашаш вакво прашање? О, мој Боже“, одговори Гвардиола со налутена гестикулација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот