ВИДЕО: Нови снимки од земјотресот во Перу, силниот потрес предизвика општа паника

Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди Перу / 28 ноември 2021 / фото: Јутјуб/принтскрин

Силниот земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, кој денеска ја погоди јужноамериканската држава Перу, предизвика голема материјална штета, а засега нема информации за евентуални жртви и повредени луѓе.

На социјалните мрежи се појавија нови снимки кои ја покажуваат жестината на потресот.

Според извештаите на локалните медиуми, урнати се десетици постари куќи и објекти, а блокирани се неколку регионални патишта во Перу. Дел од земјата остана без електрична енергија по силниот земјотрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот