ВИДЕО | Нови ликови, стари љубови… Објавен трејлерот на „And Just Like That“, продолжението на Сексот и Градот

and just like that сексот и градот
Фото: Профимедиа

И едноставно така… ќе започне ново поглавје на „Сексот и градот“. На 9 декември ќе ги видиме Кери, Шарлот и Миранда во нова етапа на нивните животи, а преку новообјавениот трејлер може да „ѕирнеме“ како тоа изгледа.

Ќе биде тоа враќање на легендарни женски ликови од светот на сериите во кои сите жени успеваа да најдат по нешто со што може да се поистоветат. По шест сезони во периодот помеѓу 1998 и 2004 година, два долгометражни филмови во 2008 и 2010 година и откажан трет филм, во трејлерот ги гледаме овие ликови во сосема нова декада, од векот но и од животот.

Но, нема да е тоа враќање на сите. Забележително е отсуството на ликот на Саманта за кое сè уште не се знае како ќе биде доловено во наративот на серијата. Додека блиските пријателки седнуваат на пикник клупа во парк на една од нивните добро познати женски дискусии, видлива е празнината на непополнетото место до Миранда.

„Велат дека некои нешта никогаш не се менуваат. Но вистината е… животот е полн со изненадувања“, нè воведува ликот на Кери во краткиот приказ.

Ќе ги видиме ќерките на Шарлот и Хери веќе пораснати, а синот на Миранда и Стив е веќе возрасен маж.

Се враќа и Ѕверката, кого Кери го бакнува додека тој приготвува нешто вкусно во кујната.

Но, интригата се јавува кога ќе ги видиме овие грациозно остарени дами во друштво на нови ликови, играни од Сара Рамирез, Сарита Чаудри, Никол Ари Паркер и Карен Питман.

Ќе бидат тоа и епизоди каде ќе го видиме последниот настап на Вили Гарсон, кој почина овој септември на само 57-годишна возраст.

И едноставно така… Повторно ќе го пуштиме трејлерот во обид да ги забележиме сите прикажани детали додека нетрпеливо го очекуваме лансирањето на серијата „And Just Like That“ за помалку од еден месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот