ВИДЕО | Нови експлозии на Крим – Украина стравува од руска одмазда во нуклеарната централа Запорожје

Фото: Твитер/принтскрин

Нова серија експлозии на Крим. Најмалку четири детонации одекнаа во близина на главната воздушна база Белбек, северно од Севастопол на полуостровот окупиран од Русија. Прорускиот гувернер на Севастопол, Михаил Развозаев, изјави дека засега нема информации за евентуалните штети и настрадани лица во овие експлозии.


На социјалните мрежи кружат видеа на кои наводно се гледа моментот на експлозија во руската воздухопловна база Белбек на Крим.

Објавени се и снимки на кои се гледа состојбата на Крим утрово.

Експлозии одекнале и во во близина на руско-украинската граница во регионот на Белгород, каде руските власти го евакуирале населението кое живее во оваа област

„Во близина на селото Тимоново, на помалку од 50 километри од границата, се запали складиште за муниција“, се вели во соопштението на регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков, додавајќи дека нема жртви.


Киев стравува дека руската армија ќе се одмазди за овие контраудари кои изминативе денови се на удар на украинската артилерија

Украинската воена разузнавачка служба предупреди дека руските сили можеби се подготвуваат да „организираат провокација“ во нуклеарната централа Запорожје под нивна контрола. Русија наводно планира да изврши инцидент во централата во петок, а има информации дека персоналот на руската нуклеарна компанија Росатом ја напуштил локацијата.

Запорожје / Фото Andrey BORODULIN / AFP / Profimedia

Окупаторите најавија неочекуван „слободен ден“ во нуклеарната централа Запорожје, а на 19 август во Запорожје ќе биде само оперативниот персонал. Влезот за сите други вработени ќе биде затворен“, соопшти украинската разузнавачка служба.

Руските државни медиуми претходно ја обвинија Украина дека „планира провокација“ во електраната што ќе се совпадне со посетата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на Украина.

Видео на денот