ВИДЕО: Новата ера на Њукасл започна со пораз, Тотенхем славеше над најбогатиот клуб на светот

Тотенхем не дозволи навивачите и новите сопственици на Њукасл да се радуваат/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Тотенхем како гости го совладаа Њукасл со 3:2 во рамки на осмото коло во Премиер лигата.

Новата ера на Њукасл како најбогат спортски колектив на светот започна со пораз иако почетокот на натпреварот беше ветувајќи.

Њукасл пред 52.000 навивачи поведе во втората минута со голот на Калум Вилсон. Но потоа Тотенхем ја презеде иницијативата и до крајот на првиот дел постигна дури три гола. Прво во 17. минута Тангуи Ндомбеле измрани на 1:1, по што на сцена стапија напаѓачите Хари Кејн и Хјонг-Мин Сон за убедливо водство од 1:3. Во вториот дел успеаја само да го ублажат поразот и тоа благодарение на автоголот на Ерик Даер во 89 минута.

Тотенхем до победата се искачи на петтата позиција на табелата 15 бодови, додека Њукасл е претпоследен со само три бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот