ВИДЕО | Новак Ѓоковиќ ја прослави победата на Вимблдон: Го зеде микрофонот и ја запеа „Миљацка“

новак ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Новак Ѓоковиќ победата на Вимблдон ја прослави во ресторан, а на социјалните мрежи се проширија видеа од прославата. На една од нив се гледа како славниот тенисер го пее хитот „Миљацка“ на Халид Бешлиќ.

Ѓоковиќ го зеде микрофонот, се сврте кон сопругата Јелена и ѝ ја посвети песната. Таа воодушевено го гледаше и слушаше Новак.

Ѓоковиќ по седми пат во кариерата го освои Вимблдон

Во финалето овојпат го совлада Ник Киргиос со 4:6, 6:3, 6:4, 7:6 (3). Српскиот тенисер на тој начин ја одбрани титулата на Вимблдон и вкупно 21-ви пат го освои Грен слем турнирот, но тоа нема да му помогне на АТП-листата. Имено, Ѓоковиќ падна четири места и сега е седми тенисер во светот бидејќи Вимблдон годинава не се играше за поени бидејќи руските и белоруските тенисери не можат да настапат на него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wimbledon (@wimbledon)

Јелена Ѓоковиќ го поддржа сопругот

Јелена проговори пред финалето на овогодинешниот Вимблдон.

„Со нетрпение ја очекуваме неделата. Одиме!“, напиша тогаш, а по тенискиот турнир објави фотографија на која се гушка со сопругот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Инаку, Јелена и Новак се запознале уште кога биле средношколци, а судбината повторно ги споила откако таа се преселила од Милано во Монако. Таа често нагласуваше дека приоритет ѝ било образованието во некоја западноевропска земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот