ВИДЕО | Нова технологија за казнување на возачите: Дрон снимил два прекршоци за минута

Во Шпанија, на широко ја користат новата технологија за следење (и казнување) на оние кои прават прекршоци на патот.
Така, во Гранада неодамна почна да работи дрон, а веќе покажува колку е делотворен – за помалку од една минута „уловил“ двајца возачи кои направиле два различни прекршоци.
Овој дрон почнал да го следи непрописното паркирање на почетокот на годината, но тогаш локалната полиција сѐ уште не ги санкционирала прекршоците. Сега почнале со казните.
Esta conductora, que usa el móvil mientras circula, seguramente no esté leyendo nuestras redes sociales, porque sino sabría que nuestra #UnidadHalcón 👮🏻♂️🪽puede denunciar infracciones desde el aire.
Y el conductor del Mercedes que va por el carril bus, seguro que tampoco nos lee. pic.twitter.com/3SMBbpBqb9— POLICÍA LOCAL GRANADA (@PoliciaGr) November 10, 2023
Во неодамна објавеното видео, полицијата во Гранада се пофали со работата на нивната единица Фалкон. Прво детектира жена како вози со телефон во рака, а неколку секунди подоцна и уште еден автомобил како вози на автобуската лента.
Така двајцата возачи биле казнети за само 40 секунди, а локалната полиција со тоа се фали на социјалните мрежи.
Во овој андалузиски град возењето по лента на автобуси и такси сега е санкционирано со 80 евра, што е помал прекршок, а користењето на телефонот додека возите ќе ги чини возачите 200 евра.
Беспилотните летала можат да го следат речиси секој прекршок благодарение на нивната локација. Можат да се искачат до 120 метри, а единственото нешто што моментално им недостига е радарот, па казните за брзо возење моментално не им се недостапни.