ВИДЕО: Нова незгода на Бајден, си ја чукна главата на излегување од хеликоптер

Фото: Јутјуб / принтскрин

Новата непријатна сцена, според „Фокс њуз“, била забележана само неколку часа откако тој падна на бината на церемонијата на доделување дипломи на воздухопловни питомци.

Новинарите го чекаа Бајден на јужниот тревник на Белата куќа, па го снимија американскиот претседател како си ја удира главата во горниот дел од рамката на вратата додека излегуваше од хеликоптерот. На снимката се гледа дека Бајден изгледаше како да не е посериозно повреден и само ја трие главата за да ја ублажи болката додека оди по тревникот.

„Се сопнав од вреќи со песок – им рекол американскиот претседател на новинарите, очигледно мислејќи на падот на дипломската свеченост“.

Тој уште им довикнал „нема прашања“, пред да замине, јавуваат американските медиуми.

ВИДЕО | Драма на скалите на „Ер форс уан“: Бајден падна, и тоа трипати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот