ВИДЕО | Нов трипл-дабл на Јокиќ, Леброн на 36 поени од историја

Српскиот ас Никола Јокиќ вчера одигра уште еден одличен натпревар во кој го запиша својот 18-ти трипл-дабл оваа сезона, додека Денвер го одржа перфектниот учинок во победите кога Јокиќ стигнува до таков ефект. Нагетси беа подобри од Атланта со 128:108.
Јокиќ на паркетот помина 30 минути и забележа 14 поени, 18 скока и 10 асистенции. Фантастична вечер имаше Џамал Мареј кој постигна 41 поен, 23 додаде Мајкл Портер.
Лејкерс се уште имаат проблеми со формата од почетокот на сезоната, сега беа поразени од Њу Орлеанс Пеликанс со 131:126. Сепак, „езерџиите“ имаат причина за мала радост, Леброн Џејмс дојде на само 36 поени од рекордот на Карим Абдул Џабар кој е најдобар стрелец во историјата на НБА.
Леброн натпреварот го заврши со 27 поени, додека Инграм во победничкиот тим постигна 35.
Далас без повредениот Лука Дончиќ во составот беше поразен од Голден Стејт со 119:113. Кари ги предводеше Вориорси со 21 поен, шест скока и седум асистенции. За Голден Стејт ова беше 27 победа и со 26 порази е осми на Западот.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Бруклин – Вашингтон 125-123, Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 131-126, Детроит – Феникс 100-116, Њујорк – ЛА Клиперс 128-134 (прод.), Чикаго – Портланд 129-121, Милвоки – Мајами 123-115, Оклахома – Хјустон 153-121, Голден стејт – Далас 119-113, Денвер – Атланта 128-108.