ВИДЕО | Нов спот на Џастин Бибер: Пејачот ограбува банка за пари потребни за лекување

Instagram
Фото: Притскрин - Инстаграм

Поп – ѕвездата Џастин Бибер, денес премиерно го промовираше спотот за песната „Hold On“, вториот сингл од неговиот претстоен студиски албум.

Приказната во видеото ги прикажува Бибер и актерката Кристин Ко, како вљубена двојка која собира пари за лекување, бидејќи Ко боледува од рак. Во еден момент од музичкото видео, Бибер врши грабеж во банка, а потоа видеото продолжува со возбудлива потера на полицијата која го брка Џастин за да го уапси.

Песната „Hold On“ е втор сингл од неговиот претстоен студиски албум „ Justice“, кој ќе излезе на 19 март оваа година. На албумот ќе бидат прикажани и сингловите „Holy“, „Lonely“ и „Anyone“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот