ВИДЕО | Нов рекорд: Канаѓанец изел 50 пиперки од најлутата сорта „Каролина рипер“ за седум минути

Гинисовата книга на рекорди објави дека Мајк Џек од Канада изел 50 „Каролина рипер“ пиперки за шест минути и 49,2 секунди и со тоа го срушил сопствениот светски рекорд.
Инаку, „Каролина рипер“ се најлутите пиперки во светот со 1,64 милиони сколвили (единица за лутина). За споредба, пиперката халапењо има помеѓу 2.500 и 8.000 сколвили.
На видеото, објавено од Гинисовата книга на рекорди, се гледа како Џек ги јаде пиперките покрај вентилатор. Додека толпата го бодри, на моменти може да се види како ги затвора очите и тешко дише.
Кога завршил со 50-те пиперки, во просек по една на секои осум секунди, тој продолжил со јадењето и изел уште 85. Севкупно, Канаѓанецот изел 135 „Каролина рипер“ пиперки. Ова го стави на второто место на листата на „Огнената лига“ по бројот на изедени „Каролина рипер“ пиперки во еден обид.
„Првата пиперка е најлоша. Почетниот шок од пикантност е интензивен. Вториот не е толку страшен, но секоја наредна станува сѐ пожешка и пожешка бидејќи пиперките допираат нови делови од устата“, раскажал Џек за искуството.
Иако има изградена одредена толеранција за лутина, тој вели дека сѐ уште чувствува стомачна мачнина.
„Имам тешки грчеви. Имате чувство како некој да ви ги стиска и витка цревата. Мозокот ви кажува да престанете, но треба да се убедите и да продолжите понатаму“, рекол Канаѓанецот.
Џек држи уште неколку слични рекорди, а еден од нив е дека испил шише чили сос за 8,56 секунди.
New record: Fastest time to eat 50 carolina reaper chilli peppers – 6 minutes and 49.20 seconds by Mike Jack 🇨🇦
He eventually went on to eat 135 peppers in this one sitting 🤯 pic.twitter.com/b5OxTBtbjd
— #GWR2024 OUT NOW (@GWR) September 26, 2023