ВИДЕО: Нов масовен протест против Вучиќ во Белград, сега го прикажаа во затворска облека

Фото: принтскрин

Нов, шести по ред масовен опозициски протест се одржа попладнево во Белград, а по контроверзите околу куклата со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ на претходниот протест, денеска демонстрантите носеа картонски лик на Вучиќ во затворска облека.

Пред насобраните граѓани се обрати актерот и активист Сергеј Трифуновиќ.

– На 3 мај се случи „Рибникар“, на 4 мај Дубон и на 5 мај , се случи нешто што би предизвикало пад на секоја влада во која било држава, а тоа е случајот со педагог, педофил. Па 35 деца на порносајт од човек чија единствена квалификација за работа и пристап до деца е членска книшка на СНС – рече Трифуновиќ.

Радикализацијата на протестите е логичен и очекуван чекор што може да се очекува во секоја ситуација кога едната страна поставува барања, а другата ги игнорира, вели професорот и опозиционер Жарко Кораќ, кој додава дека тоа сепак е сценарио кое го посакува, но и за кое ќе биде одговорен Вучиќ.

„Тие не поставија барање „Вучиќ, оди си веднаш“, туку конкретни барања, кои беа исполнети. Не ја обвинувам опозицијата, туку власта, бидејќи Вучиќ сака радикализација. Сѐ што може да се случи ќе биде негова одговорност. Тој предолго е на власт, а судејќи по неговите изјави, веќе не сум сигурен дека е свесен што се случува на улица“, изјави Кораќ за „Н1“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот