ВИДЕО: Нов кикс на Сити, Фоден го спаси Гвардиола во Лондон!

Фото: EPA-EFE/Justin Tallis/POOL

„Граѓаните“ немаат најдобар старт оваа сезона во Премиер лигата, во својот петти натпревар на гостински терен само ремизираа 1:1 против Вест хем.

Популарните „чекани“ први дојдоа до предност, во 18 минута Куфал убаво го пронајде Антонио, а овој возврати на прекрасен начин откако со „ножички“ ја затресе мрежата на Едерсон.

Израмнувањето се случи на стартот од вториот дел (51`), Кансело по левата страна се ослободи од еден противнички играч, во прав момент во шеснаесетникот му асистираше на Фоден кој од непосредна близина го совлада голманот Фабиански.

Во самиот финиш од средбата гостите можеа да направат целосен пресврт на средбата, но Стерлинг не искористи убава шанса за погодок.

Моментно на табелата Вест хем е на 10 позиција со осум бодови, колку што има и Сити на 11 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот