ВИДЕО | Нов гаф на Бајден, и тоа на неговиот роденден: Тејлор Свифт ја помеша со Бритни Спирс

Тејлор Свифт// Џо Бајден / Бритни Спирс / Фото: Инстаграм EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS/ Профимедиа

Американскиот претседател Џо Бајден вчера зборуваше на годишната церемонија за помилување на мисирки во Белата куќа, а неговиот последен гаф стана вирален.

Бајден по грешка зборуваше за Бритни Спирс, кога, всушност, мислеше на Тејлор Свифт.

Церемонијата на помилување на мисирките случајно „падна“ токму на 81-от роденден на Бајден. Американскиот претседател помилувал две мисирки по име Либерти и Бел и по грешка се зборувал за пејачката Бритни Спирс, кога, всушност, сакал да ја спомне пејачката Тејлор Свифт, која во моментот е во Бразил, во рамките на својата меѓународна турнеја „Ерас“.

– За да стигнат тука, Либерти и Бел мораа да ја победат острата конкуренција. Тие мораа напорно да работат, да бидат трпеливи и да патуваат повеќе од 1.000 милји. Може да се каже дека тоа беше уште потешко од добивање билет за турнејата на Бритни Спирс. Таа е долу, сега е жешко во Бразил… – рекол Бајден.

Тејлор Свифт настапи во Бразил во неделата навечер, откако го одложи саботното шоу поради екстремните горештини во земјата. Додека, пак, Бритни Спирс во моментот не е на турнеја.

Белата куќа допрва треба да одговори на прашањата на новинарите за последниот гаф на претседателот Бајден.

Интересно е што овој лапсус се случил токму на 81-от роденден на Бајден, а во текот на истиот говор тој се пошегувал на сметка на своите години, велејќи дека „не е лесно да наполниш 60 години“.

Кога станува збор за церемонијата на помилување на мисирки, секоја година во пресрет на „Денот на благодарноста“, претседателот на САД „помилува“ мисирка и на тој начин ја спасува птицата да стане нечија вечера и остатокот од денот да го помине талкајќи низ фармата правејќи сè што вообичаено прават мисирките.

Џо Бајден на 81 роденден во чест на традицијата помилува мисирки во пресрет на Денот на благодарноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот