ВИДЕО | Нотингем по 55 години го победи Ливерпул на „Енфилд“, Халанд обезбеди три бода за Манчестер Сити
Во денешните натпревари од Премиер лигата од 16:00 часот најголемото изненадување го приреди екипата на Нотингем Форест која успеа на „Енфилд“ да слави против Ливерпул. Од друга страна шампионот Манчестер Сити не дозволи изненадување против Брентфорд.
Ливерпул беше подобар противник од Нотингем во првото полувреме кога Луис Дијаз ја погоди и стативата во најголемата прилика за домашната екипа.
Но, во вториот дел работите се променија на теренот, Нотигем изненадувачки беше поконкретен, а таквата игра им се исплатеше во 72. минута кога Хадсон Одои ја погоди мрежата на Алисон.
Liverpool 0 – [1] Nottingham Forest
Callum Hudson-Odoi 72′
— Goals Catcus Jack (@KatcusJack) September 14, 2024
Тој гол на крајот се покажа и како доволен за големи три бода на гостинската екипа. За Нотингем ова беше прва победа на „Енфилд“ по цели 55 години.
Манчестер Сити не го започна добро натпреварот против Брентфорд бидејќи мрежата на Едерсон се затресе по само 22 секунди игра, а погоди Виса. Сепак, во следниот половина час „граѓаните“ направија пресврт со погодоците на Ерлинг Халанд.
Норвешкиот напаѓач прво изедначи во 19. минута, а во 32. и донесе целосен пресврт.
Во останатите три натпревари видовме три нерешени резултати: Брајтон – Ипсвич (0:0), Кристал Палас – Лестер (2:2) и Фулам – Вест Хем (1:1).