ВИДЕО: Носете си заштитни маски, МВР вчера казни 830 лица

Зелен пазар, Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во текот на изминатото деноноќие (27/28.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 830 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Пратениците синоќа ја изгласаа потребата за измените на Предлог законот за заштита на населението од заразни болести. Тоа значи воведување на новите мерки задолжително носење на заштитни маски на отворено и максимум четири гости во домовите.

Со 60 гласа за, воздржани 32 без ниту еден глас против, на вчерашната собраниска седница во прво читање помина Предлог законот за заштита на населението од заразни болести.

Пратениците ќе ја продолжат расправата за задолжително носење маски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот