ВИДЕО: Ноќеска на Инфективната Клиника во Скопје ечеше аларм за пожар – вработен запалил цигара внатре

Инфективна клиника / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Доцна по полноќ, жителите на Центар ги вознемири звук на аларм за пожар кој околу 12 часот и 45 минути одекнувал од просторот и околината на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, во склоп на Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје.

Жители од околните станбени згради во редакцијата на ,,Слободен печат” испратија видео материјал од кој се слушаат звуци на аларм за пожар, но не е забележан пламен. Очевидци тврдеа дека медицински персонал во паника трчал во околината на зградата незнаејќи за што се работи откако се активирал алармот.

Директорката на Инфективната Клиника, доктор Милена Стевановиќ за „Слободен печат“ вели дека алармот за пожар се активирал на клиниката затоа што некој од вработените лица на клиниката запалил цигара во внатрешноста на болницата. За ваквото поведение, ќе следуваат санкции и казни, уверува Стевановиќ.

Противпожарна екипа не била повикана на местото бидејќи брзо се утврдило дека причинителот за активација на алармот е чад од запалена цигара. Ова е особено опасно, затоа што во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат пациенти со ковид на коишто им е неопходна кислородна поддршка, а кислородот како што е познато е катализатор за ширење на пламени јазици. Опасноста од хаварија е избегната и раководството на клиниката презема мерки за санкционирање и неповторување на вакви невнимателни постапки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот