ВИДЕО | Ниту збор за изборите: Трамп се појави пред новинарите, а еве за што зборуваше

Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска се појави на минута на прес-конференција во Белата куќа и не рече ни збор за изборите, пренесува сајтот „politico.com“.

Индустрискиот индекс на Њујоршката берза Дау Џонс порасна за повеќе од 500 поени, за првпат поминувајќи ја границата од 30.000 бодови, за што зборуваше Трамп.

„Тоа се свети бројки. Никој не помисли дека некогаш ќе ги види тие бројки“, рече кратко Трамп.

Претседателот на САД не одговараше на прашањата на новинарите, а единствено искоментира за вакцината против коронавирусот.

„Многу сум возбуден за што се случува на полето на развој на вакцина против ковид-19. Тоа е апсолутно неверојатно“, рече Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот