ВИДЕО: Ниту трипл-дабл остварувањето на Јокиќ не можеше да спречи пораз на Денвер

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ/фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Кошаркарите на Бостон селтикс со 108:102 го совладаа Денвер нагетс и ја забележаа седмата победа по ред во НБА лигата и со тоа ја фрлија во сенка одличната игра на Никола Јокиќ.

Јокиќ натпреварот го заврши со 23 поени, 16 скокови и 11 асистенции и дојде до 71.  трипл-дабл во кариерата, но се покажа како недоволно за победа на неговиот тим.
Бостон до победата го предводеа Џејсон Тејтум со 24 поени и Маркус Смарт кој даде 22 поени меѓу кои беа и двете слободни фрлања во финишот со кој беше заверен триумфот.


Трип-дабл оствари и Дежонте Мареј кој пат на крајот се радуваше на победата на неговиот Сан Антонио од 136:121 над Аталнта. Мареј натпреварот го заврши со 32 поени, 15 асистенции и 10 скокови.


Филаделфија сиксерс без многу мака со 100:87 славеше над Оклахома сити тандерс иако не настапи засилувањето Џејмс Харден кој наптреварот го проследи од клупата. Џоел Ембид со 25 поени и 19 скокови беше прво име кај Филаделфија за која се истакнаа и Тајрис Макси со 24 и Тобајас Херис со 17 поени.

Чикаго благодарение на фуриозниот напад во последната четвртина (42 поени) стигна до триумф над Минесота од 134:122. Демар Дерозан повторно одигра одлично и беше најдобар стрелец на натпреварот со 34 поени.

 

Резултати:
Детроит – Шарлот 119:141
Индијана – Кливленд 113:120
Филаделфија – Оклахома 100:87
Атланта – Сан Антонио 121:136
Бостон – Денвер 108:102
Чикаго – Минесота 134:122
Јута – Орландо 114-99

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот