ВИДЕО: Ниту Леброн не му помогна на шампионот, историска вечер за Бостон и Тејтум

epa09156032 Boston Celtics forward Jayson Tatum (C) puts up a shot past a defending Brooklyn Nets defense in the first half of the NBA basketball game between the Boston Celtics and the Brooklyn Nets at the Barclays Center in Brooklyn, New York, USA, 23 April 2021. EPA-EFE/JASON SZENES SHUTTERSTOCK OUT

Актуелниот шампион ЛА Лејкерс никако да фати ритам пред почетокот на плеј-офот и овој пат загуби од Сакраменто кингс со 110:106 иако во тимот се врати првата ѕвезда Леброн Џејмс.

Лејкерси имаа предност во третата четвртина, но кошаркарите на Сакраменто во последната четвртина со серијата од 10:0 го презедоа водството и не го испуштија со крајот.
Во последниот напад при резултат 108:106 за Сакраменто, Леброн  го промаши шутот за победа.
Ентони Дејвис со 22 поени беше најпрецизен кај шампионот, додека Џејмс во првиот натпревар по враќањето од повредата даде 16 поени, а кај победникот Тајрис Халибуртон даде 23 поени.

Џејсон Тејтум постави клупски рекорд по бројот на постигнати поени во натпревар на кој неговиот тим успеа да надомести негатива од дури 32 поени против Сан Антонио.
Бостон славеше со 143:140 по продолжението, а Тејтум даде дури 60 поени. Покрај него, одлична партија прикажа и Џејлен Браун со 17 поени, но ја постигна клучната тројка на 16 секунди до крајот на продолжението со која неговиот тим дојде до предност.

Портланд треилблејзерс со 128:109 го победи Бруклин нетс благодарение на Демиен Лилард и Јусуф Нуркиќ. Тие двајца заедно постигнаа 55 поени и се најзаслужни за триумфот на нивниот тим. Кај Бруклин кој повторно настапи без Кевин Дурент и Џејмс Харден, најрасположен за игра беше Кајри Ирвинг со 28 поени.

 

Резултати:
Филаделфија – Атланта 126:104
Бостон – Сан Антонио 143:140 (прод)
Кливленд – Вашингтон 93:122
Бруклин – Портланд 109:128
Мемфис – Орландо 92:75
Чикаго – Милвоки 98:108
Феникс – Јута 121:100
ЛА Лејкерс – Сакраменто 106:110

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот