ВИДЕО: Ниту Баерн не може да го запре Ајнтрахт Франкфурт!

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK/POOL

Денеска во 22 коло од најсилното германско првенство Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен изненадувачки го совлада актуелниот шампион Баерн Минхен со 2:1.

Камада во 12 и Јунес во 31 минута беа стрелци на головите за домашната екипа, додека баварскиот гигант успеа само да го ублажи поразот преку Левандовски (53`).

Останува на врвот на табелата Баерн со 49 бодови, пет повеќе од второпласираниот Лајпциг кој својот меч ќе го има утре на гостувањето кај Херта Берлин.

Ајнтрахт ја продолжува победничката серија, ова беше петти триумф во низа, а вкупно 11 натпревари во Бундеслигата не знае за пораз. Моментно се наоѓа на четвртата позиција со 42 бодови, колку што има и третопласираниот Волфсбург.

Во другите мечеви од бундеслигашката рунда: Борусија Менхенгладбах-Мајнц 1:2, Келн-Штутгарт 0:1 и Фрајбург-Унион Берлин 0:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот