ВИДЕО | Николовски: Инспекторите ќе затвораат локали ако утврдат неправилности

Со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите инспекторати сега добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените Ковид протоколи кои што се на сила, изјави денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Конкретно на терен, посочи тој, ако инспекторите констатираат одредено прекршување на протоколите од некое правно лице, во истиот момент ќе му биде изречена привремена забрана за вршење дејност од 10 до 30 дена.

– Оваа можност законски инспекторатите ја немаа како инструмент и алатка и мислам дека е неопходна во овој период, изјави Николовски, на заедничка прес-конфернеција со претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашковска, како и директорите на државните пазарни инспекторати.

Висината на глобите, посочи тој, ќе варира во зависност од големината на правниот субјектот – мало, средно или големо претпријатие, како и соодветни глоби за одговорните лица..

– Со ова сакаме да покажеме и поравично и праведност во однос на големината на субјектот и нивото на самата казна, изјави Николовски.

Состојбата, нагласи вицепремиерот, е сериозна и затоа е неопходно почитување на мерките и протоколите.

– Почитувањето на мерките и протоколите и инструментите кои ни стојат на располагање со измените значат дека толеранција од институциите за прекршителите нема да има, изјави Николовски.

Анализата на Инспекцискиот совет, посочи тој, е веќе направена и веќе не може да има пречки да не се јакнат капацитетите на инспекторатите.

– Со овие зголемени ингеренции, навистина капацитетите мора да растат и следните чекори на Владата се да се зголеми и кадровскиот и човечки потенцијал за следната 2021 година за сите инспекторати, врз основа на оваа анализа. Владата има воља и разбирање, изјави Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот