ВИДЕО | Николоска: Опозицијата да се надмине себеси и да гласа за мерките од петтиот пакет

Светот навистина е соочен со пандемија предизвикана од коронавирусот која што покрај здравствени предизвикува и негативни економски последици. Сите држави во светот наоѓаат најразлични начини да се справат со кризата, и ние како држава од самиот почеток преземавме мерки и активности за намалување на последиците, до сега реализирани се четири сета пакети на мерки.

-Петтиот пакет Владата на седница го усвои, сега се подготвуваат закони, некои се веќе доставени и се ставени на собраниска седница. Очекувам опозицијата да се надмине себе си и навистина во оваа тешка ситуација да излезе пресрет на граѓаните и на стопанството. Ние секогаш сме спремни за разговор како со ВМРО – ДПМНЕ така и со останатите пратеници од опозицијата. Убедена сум дека ќе се надминат себе си и ќе најдеме заедничко решение да ги донесеме мерките од петтиот пакет. Дел од законите се доставени до Собранието, се’ уште не се поднесени амандмани од страна на Алијансата на Албанците, останува деновиве да видиме како ќе се одвива ситуацијата но ние пратениците пред се имае обврска да работиме во корист на граѓаните, вели за УБ пратеничката од СДСМ, Фаница Николоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот