ВИДЕО | Николоски: За клучните прашања потребен е општ консензус – планираме разговори со сите значајни општествени субјекти

Александар Николовски / Утрински брифинг
Александар Николовски / Утрински брифинг

Она што е суштина во програмскиот документ, кој ќе биде преведен на повеќе јазици, е да ги поставиме основните 16 точки по кои сметаме дека треба да се развива Македонија. Идејата на текстот е да е променлив, да ги отслика политиките на ВМРО ДПМНЕ но и да се отвори кон сите значајни општествени субјекти, вели за „Утрински брифинг“ потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во образованието мора да се договориме околу една реформа. Никој никого не консултира никој никого не прашува. Почнавме со Кембрич, преминавме кон дигитализација. Ни едното ни другото до крај не го истеравме. Мора да се договориме за 5 – 6 базични теми кон кои ќе целиме.

– Во Македонија постојат генерално две големи политички партии и здраво е доколку видиме патриотизам на двете страни. Мора да имаме еден систем каде што ќе има апсолутна лојалност кон државата. Многу процеси станаа неиздржливи, вели Николоски.

На пример, односот со енергетиката не носи да размислуваме што ќе се случува со струјата по први јануари.

Доколку сега бираме меѓу Скопје 2014 и Чебрен и Галиште секако дека приоритет е второто, и факт е дека се направени грешки, вели тој.

ВМРО ДПМНЕ ги задржува основните постулати на партијата и немаме намера да отстапиме од нив ниту имаме амбиција да го покриеме целиот политички спектар. Немаме намера да бидеме партија која вечно ќе биде на власт. Но мора да бидеме фер во услови на перманентна криза не можеме да водиме политики кои што се идеолошки креирани, додава Николоски.

– Немам намера и никогаш не сум го правел тоа, не демантирам текстови, кога ќе извадите пола моја реченица и пола на Мицкоски но суштински размислувањето ни е исто. Граѓаните заслужуваат влез во ЕУ. Ова што го прави Бугарија е политика на 19 век. Состојбите кај нас внатре во државата не се најидеални. Да ги реализираше Зоран Заев само две од ветувањата меѓу кои владеење на правото, сега ќе имавме други позиции кон Бугарија, вели Николвски.

Поентата на Бугарија е да докаже дека не се само тие против влезот на Македонија во ЕУ. Тука е и прашањето со корупцијата. Во претходната влада Македонија се најде на 60то место а сега е над 100-то место.

Бугарија е најсиромашна земја во ЕУ и членките имаат милиони механизми како да влијаат врз неа. Но ако се остави на нас и на Софија ова може да трае до недоглед. Позицијата на Софија е или или, или сте Бугари и ќе добиете одблокирање на процесот или сте Македонци и ќе седите во изолација, вели Николоски.

Мислам дека комуникација меѓу двете најголеми политички партии мора да има. Процесот на поларизација отиде предалеку. Сметам дека треба да се направи еден разговор на кој ќе се определи датум на предвремени парламентарни избори.

– Апсолутно е потребен разговор за да се реши моменталната политичка криза. Прашање број еден е кое што треба да се одговори пред јавноста е дали оваа влада ќе продолжи или не. Доколку нема вонредни избори улицата е секогаш природна средина на опозицијата, вели Николвски за „Утрински брифинг“.

Идејата за рамен данок даде одлични ефекти претходно. Многу држави почнаа да ја следат Македонија. Сметаме дека треба да се намали основицата на даночно опфаќање, вели за УБ потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот