ВИДЕО | Невреме во Делчево, поплавени улици, уништени автомобили

Фото - МИА

Околината на Делчево предмалку го зафати силно невреме составено од дожд, град и силен ветер. Нестабилното време започна во поладневните часови а од поројниот дожд кој започна предмалку да паѓа, поплавени се градските улици и при тоа уништени се неколку автомобили, јавуваат локалните медиуми. Според известувањта причинети се материјални штети на куќите и станбените објекти во градот, а некои населби во околијата немаат електрична енергија.

 

Поради врнежите од дождот во моментот ветрот стивна и е со послаб интензитет. Освен паднатите лимови од кровните конструкции од силниот ветар настрадаа и повеќе кабли поставени на пониските бандери, како и ќерамиди на куќите од повисоките делови на градот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот