ВИДЕО: Невидена тага во Хрватска, Италија со гол во 98 минута за осминафинале на ЕП

фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Хрватската фудбалска репрезентација вечерва во Лајпциг во натпреварот од третото коло од групата Б на Европското првенство ремизираше со Италија (1:1), откако прими гол во 98 минута и така играчите на Лучијано Спалети продолжуваат во осминафиналето.

Само еден освоен бод во првите две кола ја стави Хрватска во многу тешка позиција, опција беше само триумф против Италија, а осминафиналниот „билет“ беше многу блиску откако дојдоа до предност „коцкестите“ предводени од Лука Модриќ.

Во 52 минута ударот на Крамариќ го погоди Фратеси во рака, а судијата Макелие оди да ја разгледа ситуацијата на повик од ВАР просторијата и на крајот покажува на белата точка. Модриќ ја презеде одговорноста, шутираше, Донарума одбрани, но во продолжението од акцијата Модриќ ја испрати одбиената топка зад голманот на ПСЖ.

Хрватите долго се бранеа, а во 98 минута Ѕакањи погоди за 1:1 и ги шокираше сите во Хрватска.

Во вториот натпревар Шпанија ја победи Албанија со 1:0 со голот на Феран Торес. „Фуријата“ на тој начин групната фаза ја заврши со максимален учинок од девет бода.

Италија заврши второпласирана со четири бодови, третопласирана е Хрватска со два и го чека исходот од останатите групи, а Албанија го завршува ЕП со еден бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот