ВИДЕО: Неверојатни снимки од Пекинг, дожд од црви паѓаше во кинескиот велеград

Фото: Твитер/принтскрин

Властите во Пекинг ги предупредиле граѓаните да носат чадори на отворено, откако во главниот град се забележани бизарни „врнежи“.

На снимката од Пекинг која стана вирална, се гледа како „дожд од црви“ паѓа на земјата, а лигавите црви ги прекриваат автомобилите.

Жителите на кинескиот велеград може да се видат како ги извршуваат редовните обврски со отворени чадори, за да не бидат погодени од црвите што паѓаат.

Феноменот на „црви што врнат“ е редок и науката нема конечно објаснување, но тоа се случува. Во 2011 година во Шкотска, наставникот по физичко образование Дејвид Крајтон сведочеше дека ги водел учениците, кога слушнале „чудни звуци“, а потоа погледнале нагоре и виделе како врз нив паѓаат црви.

Едно од можните објаснувања е дека „дождот од црви“ се случува по силни бури и дека е предизвикан од ветришта кои ги понесуваат црвите од места на кои тие се сконцентрирани, за да „паднат“ на друго место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот