ВИДЕО: Неверојатни снимки од Аргентина – паѓаа парчиња град големи колку тениско топче, има повредени

Фото: Јутјуб/принтскрин

Силно невреме со дожд и град го зафати аргентинскиот град Вија Мерседес во провинцијата Сан Луис денеска, за време на традиционален панаѓур кој го посетуваат илјадници луѓе, јавија локалните медиуми.

Според весникот „Ел Диарио де Сан Луис“, има повредени меѓу луѓето, кои биле изненадени од невремето, кое било кусо, но многу силно. Повеќе луѓе се примени во болница со расекотини на главите и други повреди од градот со големина на топче за тенис или безбол.

Оштетени се стотици автомобили, кои имаат нагмечувања на каросериите или скршени шофершајбни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот