ВИДЕО: Неверојатни сцени на Хаваите – снежно невреме ги завеа тропските острови

Снежни врнежи на Хаваите / 5 декември 2021 / фото: Јутјуб/принтскрин

Американската Национална метеоролошка служба издаде предупредување за снежно невреме на Хаваите, додека такво предупредување нема во ниту еден друг дел од Соединетите Држави.

Снегот на повисоките места на тропските острови почнал да паѓа во петокот, а метеоролозите издадоа тревога за виулица со ветер до 160 километри на час. Се очекува дека на планинските врвови на Големиот Остров ќе се наталожи снежна покривка од околу 30 сантиметри.

Климата на Хаваите е тропска и обично нема големи температурни разлики во текот на годината, а во изминатите 100 години најчесто се мерени температури помеѓу 25 и 29 целзиусови степени. Метеоролошката служба сега предупредува граѓаните да не одат на повисоките места на островите, каде се очекуваат сурови и дури опасни временски услови.

Невремето донело и врнежи од дожд во регионот, што е добра вест за Големиот Остров на Хаваите, кој во изминатите месеци беше погоден од голема суша. Метеоролошката служба издаде и предупредување за можни поројни дождови за излевање на реките.

Видео на денот