ВИДЕО: Неверојатна шутерска пресметка на Тејтум и Кари
Неверојатен натпревар одиграа Бостон селтикс и Голден Стејт вориорс во кој доминираа Џејсон Тејтум и Стеф Кари. На крајот Бостон славеше со 119:114, Кари доминираше со 47 поени, додека келтите одговорија преку Тејтум кој даде 44 поени. Кари погоди дури 11 тројки од 19 обиди, додека Тејтум уфрли само пет тројки од девет обиди.
Кари исто така успеа да го израмни рекордот на Коби Брајант од 10 натпревари на кои постигнува по 30 или повеќе поени.
Вашингтон го совлада Детроит со 121:100 благодарение на тандемот Бредли Бил – Расел Вестбрук. Бил беше најпрецизен со 37 постигнати поени, додека Вестбрук го оствари дури 171. трипл-дабл во кариерата.
Мемфис оствари голема победа над Милвоки бакс од 128:115 благодарение на Грејсон Ален кој постигна седум тројки од девет обиди, а натпреварот го заврши со 26 поени.
Сан Антонио спарс релативно лесно со 111:85 го совлада вториот тим во Западната конференција, Феникс санс.
Резултати:
Чикаго – Кливленд 106:96
Вашинтон – Детроит 121:100
Бостон – Голден Стејт 119:114
Милвоки- Мемфис 115:128
Феникс – Сан Антонио 85:111